Отворање на 32-то издание на Поетска ноќ во Велестово

Од:

Со настап на „Скопје гитар трио“, вечерва во 21.00 часот ќе биде отворено 32-то издание на Поетска ноќ во село Велестово, Охрид.

Годинашната Поетска ноќ ќе биде посветена на поезијата на Зоран Анчевски и скулптурите на Димитар Филиповски, а ќе читаат и шестмина македонски современи поети: Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.

Во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во Велестово, вечерва во 22.00 часот ќе биде отворена изложба на академскиот скулптор Димитар Филиповски.

Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите и препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Од 19 до 21 август – Поетска ноќ во Велестово по 34. пат

Ана Ололовска

Заврши 32. поетска ноќ во Велестово

Ана Ололовска

„Поетската ноќ во Велестово“ во знакот на творештвото на Зоран Анчевски, интернационалната вечер презакажана за наредното издание

Ана Ололовска

Триесет и прво издание на поетска ноќ во Велестово

Промоција на монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово“

Почнува 29-тата Поетска ноќ во Велестово

Ана Ололовска