Денеска во 12 часот свечено ќе биде отворена книжарница на МАНУ, а воедно ќе биде промовирана и новата интернет-страница на Академијата.
На свеченоста најавено е обраќање на претседателот на МАНУ, Таќи Фити, а на настанот ќе биде претставено и електронско издание „Раѓањето, создавањето и развитокот на МАНУ во/низ документи“ со обраќање на академик Георги Старделов.