Откриена спомен – бистата на Мартиноски во Букурешт

Од:

Во Букурешт денеска е откриена спомен – бистата на познатиот македонски сликар, Никола Мартиноски.

Како што наведува во видео пораката на својот фејсбук профил министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми кој ја откри бистата, нема сомнеж дека овој убав и вреден проект дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу македонската и романската култура.

-Минатата година, Осми декември, Денот на Свети Климент Охридски, Романскиот паламент го прогласи за Ден на македонскиот јазик во Романија. Само година дена подоцна, успеавме да го реализираме она што го ветивме – поставување на бистата на Никола Мартиноски, тука во Букурешт, истакнува Адеми.

Министерот дополнува и дека колку што е симболичен, проектот е толку и суштински мост на одличните односи меѓу двете земји.

Спомен – бистата на Мартиноски, кој студирал на Ликовната академија во Букурешт, е поставена во паркот „Михаил први“, на просторот каде што се поставени споменици на врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката,…

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ