Осмо издание на Охридскиот хорски фестивал

Од:

Дваесет и два хора од 11 европски држави ќе учествуваат на осмиот по ред Охридски хорски фестивал што од 27 до 31 август ќе се одржува во Охрид.

На манифестацијата што се одржува во организација на Охридскиот хор, учесниците ќе имаат можност да настапуваат во ревијалниот и натпреварувачкиот дел, што ќе биде поделен во категориите – духовна музика, поп-музика и фолк-концерти.

Најдобрите ќе бидат избрани од реномирана жири комисија составена од експерти во музичкито свет како Магдалена Липска од Полска, Аљоша Новаковиќ од Босна и Херцеговина, Запро Запров од Македонија, Дора Халас од Унгарија и Дарина Чакарова од Бугарија.

Ова фестивалско издание концертите ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“ и католичката црква „Св. Кирил и Методиј“, како и настап на сите учесници на фестивалот пред публика на отворено на неколку локации низ градот.

Отворањето на фестивалот рзервирано за настапот на бугарската вокална атракција Војсленд (Voiceland), финалисти на Охридскиот хорски фестивал во 2012 година, а минатата година се пласираа во полуфиналето на бугарското издание на шоуто „Јас имам талент“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on