Осмо издание на 100 Илјади поети за промена во Струмица

Од:

На 15 декември 2018 година со почеток во 19:00 часот во кино салата на Кафе бар Селект ќе се реализира осмото издание на меѓународната манифестација „100 Илјади поети за промена“ – Струмица, Македонија.

Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализира осмото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“, а Струмица повторно ќе биде домаќин на традиционалните изложба на плакати, промоција на збирката поезија и поетското читање на дел од поетите кои се застапени во стихозбирката. На конкурсите годинава се вклучија повеќе од 200 поети и 20 дизајнери.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја.

Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овој проект се согледува дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.

Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change“ – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 50 држави, меѓу кои е и Република Македонија

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“