Оркестарот на Музичката младина на Македонија утревечер со настап на „Охридско лето“

Од:

Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со концертот на оркестарот на Музичката младина на Македонија, со настап на млади музичари од оркестарот како солисти, под диригентска управа на Емилио Перцан.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова-Неделковска на денешната прес-конференција изрази задоволство што некои од уметниците кои биле дел од оркестарот на Музичката младина на Македонија на нивните поранешни фестивалски настапи, како Емилио Перцен, после години музичка наобразба постигнуваат толку голем успех да стануваат дел од фестивалот „Охридско лето“, но како носители на проекти.

– Задоволството е наше што на 29-то учество оркестарот на Музичката младина на Македонија на „Охридско лето“ ќе се изведува посебна програма, со изведба на дела од барокниот период, како и со уметници кои своето образование го имаат насочено токму во доедукација во свирање барокна музика, истакна таа.
Перцен истакна дека лично за него е чест што може да работи со македонски студенти од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, во кој и самиот своевремено членувал.

– За концертот одбрав дела од италијанскиот барок, според мене најинтересниот период од последниот стадиум на барокната ера. Се работи за дела на познати композитори како Вивалди, Корели, но и помалку познати имња како Дуранте и Далабако, истакна тој.

Концертот на Оркестарот на Музичката младина на Македонија ќе се одржи утревечер во катедралната црква „Света Софија“, со почеток од 21 часот. Како солисти на вечерта свои изведби ќе имаат виолинистите Нино Микаберидзе (Русија), Максимилијане Вилмс (Германија), Ана Трухина (Русија), Вал Бакрач (Хрватска), Петар Поповски (Македонија), Бојан Илковски (Македонија), Ѓоко Петровски (Македонија), Милош Ракиќ од Србија на виола, заедно со нашата Сања Смилевска и Филип Витко од Хрватска, како и виолончелистите Марија Михајловска ( Македонија и Петар Лазаревиќ (Црна Гора) и нашиот Илин-Диме Димовски на контрабас.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ