Независниот музички издавач Шарла Рекордс го издаде деби албумот на македонската композиторка Гала Насева со наслов „Опус 1-8“.
Гала е композиторка на современа класична музика од Скопје која дел од своето формално музичко образование го стекна на катедрата по музикологија на германскиот универзитет „Јустус Либиг” во Гизен. Таму и ги започнува своите први авторски чекори, работејќи дела за разни арт перформанси и театарски претстави. Токму овие композиции го сочинуваат јадрото на албумот Опус 1-8 во кој се вклучени и две соработки со уште еден автор кој издава за Шарла – композиторот Глигор Кондовски.
Опус 1-8 се состои од осум теми во вкупно времетраење од 28 минути кои Гала елегантно ги трансформира во композиции на емоција и атмосфера, користејќи пијано, чело и електронски елементи. Покрај неколкуте луцидни минијатури, се издвојува Опус 7/8 во која авторката на инвентивен начин ги поврзува македонското музичко наследство и авангардниот израз на современата класична музика, наведуваат од Шарла Рекордс,.
(Албумот може да се преслуша и на одреден период слободно симне на
следниот линк: https://sharla.
Ова е 58 издание на независната издавачка куќа за музика, литературата и останато од Скопје, која е етаблирана од 2013 година.