Еден од наjпознатите музичари од екс ЈУ сцената д-р Неле Карајлиќ, покрај успесите во сатиричните комедии како „Топ листа надреалиста“ и учеството во бендовите „Забрањено пушење“ и „Но смокинг оркестра“, стана и автор на романи, а неговото најново дело, вториот дел од „Солунска 28“, онлајн ќе биде промовирано денеска во 19:00 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.
По книгата „Фајронт во Сарајево“ доаѓаат и двата дела на „Солунска 28“. Насловот на второто продолжение е „За пријателството и за предавството“ и македонскиот превод е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Книгата веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk.
‒ Вториот дел од оваа трилогија е посветен на луѓето и случувањата кои минувааат низ куќата на самото пристаниште на Дунав. Д-р Крајлиќ по којзне кој пат докажува дека има неисцрпна енергија која успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Зборувајќи за сето она што ги има снајдено станарите на „Солунска 28“ во тек на германската окупација на Белград во време на Втората светска бојна. Д-р Карајлиќ нуди еднакво читачко уживање и на оние кои го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние кои сега се приклучуваат кон армијата, се вели во предговорот на книгата.