Онлајн промоција на „Сантос блуз“ – првиот роман на Ненад Алексовски

Од:

„Сантос блуз“ е првиот книжевен наслов на Ненад Алексовски, чија што онлајн промоција ќе се одржи вечерва. Романот е во издание на „Арс Либрис“, дел на „Арс Ламина – публикации“, а разговорот на промоцијата ќе го води уредничката на изданието, Оливера Ќорвезироска.

Настанот може да се проследи на фејсбук страната на издавачката куќа „Арс Ламина“.

-Овој можен портрет на модерниот номадизам – географски, професионален и емоционален има хибридна форма на дневник, патопис, роад-роман и блуз-проза. Како што вообичаено се повторуваат првите два стиха во блузот, така се повторуваат и деновите, месеците,.. времето во оваа лесно читлива новела за не толку лесните нешта во нашите животи. „Сантос блуз“ ги сецира моментите кога чувството на едно големо „ништо“ се трансформира во моќна инспирација, велат од „Арс Ламина“.

Од издавачката куќа посочуваат дека станува збор за една мошне динамично раскажана „отплата“ на личниот долг кон повеќе страсти истовремено: патувањето, музиката, театарот…

-Не ја сакам зимата во Македонија. Особено кога знам дека за неколку недели, додека тука ќе има метар снег, а потоа и растопена грда снежна маса испомешана со кал, јас ќе бидам таму далеку каде што во јануари има метар коктели на плажа, вели авторот во делото.

Ненад Алексовски е роден во Куманово. Основно училиште завршил во родниот град, а средно образование завршил во Музичка гимназија „Станковиќ“ во Белград.

Афинитетот кон пишувањето го открил за време на адаптациите на драмските дела од Бертолт Брехт, Семјуел Бекет и Ежен Јонеско, што ги работел за неговата театарска група. Го пропатувал речиси целиот свет и неодамна, од Лисабон, Португалија, се сели во Лимасол, Кипар, каде што живее и работи во моментот.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска