Онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих на КРИК – фестивалот за критичка култура

Од:

Годинашното петто издание на КРИК – фестивалот за критичка култура продолжува денеска со онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих на тема „Фетишизмот и секојдневието“.

– Со ова предавање почнува третиот дел на КРИК 05, кој оваа година почна со својата програма во јуни. Во првиот дел гостуваа Франко Берарди Бифо, Џули Реше, Светлана Слапшак, Томислав Медак и Алфредо Саад Фиљо, додека пак во вториот покрај теориски излагања и дискусии на: Елизабета Шелева, Славчо Димитров, Станимир Панајотов, Артан Садику, Небојша Вилиќ, Јованка Попова и Натали Р. Павлеска, сеодржа и проекција на фотографскиот филм „Сето време е сето време“ на Иван Блажев, како и концерт на Кабадајас, имформираат организаторите на КРИК фестивалот.

Тема на годинашниот КРИК е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“, инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“, која е преведена на македонски јазик и веќе излезе од печат во издание на Контрапункт.

– Многу често, Марксовата теорија за фетишизмот на стоки и капитал е погрешно сфатена како теорија за погрешна перцепција или погрешна свест. Во капитализмот, фетишизмот е реалност. Доколку нашата перцепција е точна и има практични последици во секојдневниот живот. Она што не е во ред е генерализацијата дека фетишистичките односи нужно постојат во секое општество. Во длабока општествена криза, иманентната ирационалност на фетишизираните односи може лесно да стане видлива. Ковид-19 произведува точно таква криза. Сепак, признавањето на ирационалноста на фетишизмот не го претставува крајот на приказната. Мораме да прашаме, кој е карактерот на тоа можно „здружение на слободни личности“, (Маркс) што ќе може да го надмине фетишизмот?, пишува Михаел Хајнрих, најавувајќи го своето предавање на фестивалот КРИК.

Михаел Хајнрих е политолог во Берлин. Тој ги објавил „Вовед во трите тома на Марксовиот капитал“ (2012) и „Карл Маркс и раѓањето на модерното општество“ (2019), што претставува почеток на серија од четири тома за биографијата на Маркс и еволуцијата на неговите дела.

КРИК – фестивал за критичка култура е поддржан од Министерството за култура на Северна Република Македонија, „Allianz Kulturstiftung“, Гете институт Брисел, Креативна Европа, Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Би можело да ве интересира

КРИК – фестивал за критичка култура

Со промоција на книгата „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику завршува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Ана Ололовска

Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“

Ана Ололовска

Изложба „Сенките на занаетите“ од турскиот уметник Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот КРИК

Ана Ололовска

Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК, вчера покрај трпеза познати уметници и писатели говореа за демокртијата

Ана Ололовска

„Гозба или за љубовта” на КРИК 07 – уметници и писатели ќе говорат за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото

Ана Ололовска