Согласно Меморандумот потпишан од страна на Државниот архив и Меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ Охридскиот архив започнува со дигитализација на фестивалската документација.
Со проектот ќе бидат опфатени сите документи и богатото културно наследство на Струшките вечери на поезијата за периодот од 1963 до 1990 годин.
Со дигитализацијата на обемниот материјал собран во повеќе од 50 кутии ќе се заокружи и зачува вредната документација на фестивалот со светско реноме.
Проектот целосно го спроведува Државниот архив и подрачното одделение во Охрид, а на процесот на дигитализација ќе работат архивистите Викторија Костоска, Елизабета Јованоска, Едис Абди, Мартин Ристески и Сеадете Османи.