„Огледало на вековите“ од Раде Силјан на српски јазик

Од:

Реномираниот српски издавач Арка кој во последните неколку децении објави над седумдесет дела од македонски писатели, деновиве го објави обемниот избор од поезијата на Раде Силјан „Огледало на вековите”. Изборот кој го направи и преведе академик Ристо Василевски објавен е двојазично, на македонски и српски јазик и проследен е со обемен поговор од истакнатиот српски критичар и сеист Миќо Цвиетиќ.

– Во богатото соѕвездие на смедеревска Арка, издавач со препознатлив вкус, веќе со децении се појавуваат, превосходно, важни дела од македонската и српската книжевност. Од, по сè, сродните литератури и народи, блиски по духот, душата и судбината, со заемни творечки и други проткајувања, потпори и вкрстувања. Низ истото пребирливо и густо издавачко решето поминуваат и важни дела од другите балкански, словенски и други европски литератури, со доминантен акцент на поетското творештво, вели Цвиетиќ.

ogledalovekova

Според него, перманентно, од првата до најновите книги, во поетската орбита на Раде Силјан има некои битни феномени на човекот и на светот, со универзална категорија и поими, теми и мотиви, кои доследно и моќно имагинативно ги надградува, поетско-филозофски ги промислува и ги формулира. Некои од нив, амблематично се маркирани во насловите на бројни песни и циклуси, наново вградувани низ целината на неговиот поетски опус. Најавени и нагласени, дури варирани, и во самите наслови на поетските книги…

– Меѓутоа, Силјановиот поетски поимник, извлечен од самото битие на неговото пеење и јазик, опфаќа значително поширок регистар, спектар на имагинативно опсервирани зборови, алегории, метафори и симболи, феноменолошки и егзистенацијални категории и поими…. Целиот овој, и значително поширок, лексички и поимен регистар, со богата и разгранета поетска и семантичка полифонија, го наоѓаме во поетското дело „Огледало на вековите“, кое тука штедро им се нуди на српските читатели, наведува Цвиетиќ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска