Oдложено одржувањето на на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”

Од:

Програмскиот совет на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”, соочен со најновата здравствена ситуација во земјата, денеск, одлучи одржувањето на оваа, единствена манифестација од овој вид кај нас и во регионот, да биде одложено за еден месец подоцна.

Манифестацијата, традиционално, се одржува кон крајот на јуни во годината.

-Подготовките течеа нормално за терминот 19 – 23 јуни. Никој не очекуваше, состојбата со корона вирусот Ковид -19, во моментот кога дојде до смирување, дека, повторно ќе ескалира. Поканите беа испратени, учеството го потврдија млади поетски надежи од нашата земја, Србија, Бугарија, Република Српска, во БИХ, Албанија и Грција. Кога веќе се сконцентрира толку ентузијазам, сила и инцијативност кај организаторот, Здружението за култура, литература и издавачка дејност „Мацково” од Охрид, тогаш мораме да направиме се, манифестацијата да не биде прекината, ако треба и со користење на интернетот и виртуелното поврзување, вели поетот Тоде Илиевски.

Илиевски додава дека оддржувањето на Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”, е значајно и од аспект на меѓународната соработка, особено соработката со УНЕСКО.

Имено, Кампот, од старт, доби поддршка од Светската академија на поезијата на УНЕСКО. Минатата година, со писменото послание на генералниот секретар на Академијата, д-р Лаура Троиси, а годинава, со прифатената покана за доаѓање во Охрид, токму за време на одржувањето на Кампот и по повод таа манифестација – од 19 до 23 јуни.

Покрај млади учесници од регионот, во својство на ментори, доагаат познати имиња во светот на поетското создавателство. Валерио Орлиќ, поет и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво, Мајо Даниловиќ, истакнат поет, член на Светската академија на поезијата и претседател на Комисијата за словенскиот свет и други.

Од Македонија, меѓу учесниците ќе бидат: поетот, професор Христо Петрески, претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, професор Живко Андреевски, професор Трајче Кацаров, добитник на наградата Ванчо Николески на ДПМ и други.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот