„Одење по вода“, нова книга поезија од Славе Ѓорѓо Димоски на српски јазик

Од:

Деновиве во издание на Уметничката академија ИСТОК од Књажевац излезе од печат книгата „Одење по вода“ („Ходање по води“) од реномираниот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски.

Книгата содржи осумдесетина песни, а на српски ги преведе поетот Радослав Вучковиќ. Ова е петта книга на Ѓорѓо Димоски објавена во Србија.

Во книгата поместен е пообемен есеј од Душан Стоковиќ, кој дава свое видување за поезијата на Димоски.

– Основна слика на целата поезија на поетот на нијанси Славе Ѓорѓо Димоски би можела да се именува како кутија во кутија. Ништо во неговата поезија не може да се чита и толкува на „прва топка“. Под видливите слики се кријат внатрешни, соновидни. Постојано освојувајќи го треперливиот меѓупростор, поетот ја брише секоја граница, која би ги омеѓувала надворешната внатрешност и внатрешната надворешност, меѓу другото ќе запише Стојковиќ.

Поезијата на Димоски е преведена на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е една есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

Би можело да ве интересира

Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“

А1он

Промоција на збирката „Одглас“

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“