Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН – “Поетики“ и „Разноликост“ – Колекција на поезија, фикција и есеј вечер во Градската библиотека Браќа Миладиновци ќе го одбележат Меѓународниот ден на писателите во затвор на Меѓународниот ПЕН со завршниот дел од активностите под мотото „Ослободи го зборот“.
На книжевниот настан со свои беседи ќе настапат Васко Маглешев, Кристина Димова и Адријан Арсовски, а свои стихови ќе читаат Александар Станојков, Игор Ивановски, Елена Пренџова и Зорица Петкоска.
Специјални гости на вечерта се Линдита Кадриу, која ќе ја прочита пораката за слободата на изразот „Писателите го кажуваат тоа што го мислат“ и Зоран Анчевски, кој ќе чита своја поезија на протест.
На настанот ќе говори и Катица Ќулавкова, потпретседател на Меѓународниот ПЕН.