Одбележување на Меѓународниот ден на човековите права со „Фантастична жена“

Од:

По повод Меѓународниот ден на човековите права, со акцент на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат трансродовите луѓе, вечерва во градското кино Милениум во Скопје доаѓа „Фантастична жена“, овогодишниот добитник на Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје од продуцентите на филмовите „Џеки“ (Jackie), „Под лупа“ (Spotlight) и „Тони Ердман“ (Toni Erdmann) и Себастијан Лелио, режисерот на филмовите „Глорија“ (Gloria) и „Непослушност“ (Disobedience).

Премиерната проекција во Република Македонија на овој чилеански филм е во организација на Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје во партнерство со дистрибутерската куќа „Fox Vision“ од Белград (Република Србија), градското кино Милениум и Младинскиот културен центар од Скопје, невладината организација „Pride Sports“ од Манчестер (Обединето Кралство), британската и германската амбасада во Скопје, и невладините организации „Субверзивен Фронт“ и „Стар-Стар“ од Скопје. Билетите се бесплатни.

„Брилијантен и сурово директен“ (VARIETY), „Фасцинантен и мистериозен“ (THE PLAYLIST), „Ненадминлив“ (THE HOLLYWOOD REPORTER), „Вонсериски“ (SCREENDAILY), „Бравурозен филм“ (THE GUARDIAN) се само некои од филмските критики за ова ремек-дело.

Според редовниот годишен извештај на „Transgender Europe“ од мониторингот на убиства на транс-луѓе објавен во 2018-та, помеѓу 1 октомври 2017 година и 30 септември 2018 година, пријавени се 369 убиства на транс и родово-различни луѓе на глобално ниво. Од пријавените убиства низ целиот свет, мигрантите и сексуалните работници го сочинуваат мнозинството од жртвите.

Вкупно 2.982 транс и родово-различни луѓе биле пријавени за убиени во 72 земји помеѓу јануари 2008 и септември 2018 година. Мигрантите сочинуваат голем број од пријавените убиства во Европа. Од 139 пријавени убиства во Европа, една третина од жртвите биле мигранти. А, од пријавените убиства на транс и родово-различни луѓе чии професии биле познати, на ниво на целиот свет, 62 отсто биле сексуални работници.

Трансродовите луѓе се луѓе чиј родов идентитет или родова експресија се разликува од родот што се претпоставувал за нив кога биле родени, базирано на биолошкиот пол (анатомијата на репродуктивниот систем на една индивидуа и секундарните полови карактеристики). Родовиот идентитет на некои луѓе, нивното внатрешно спознавање за тоа кои се е различен од оној првично претпоставен кога биле родени. Повеќето од овие луѓе се опишуваат себеси како трансродови.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Советот за човекови права при ОН ќе расправа за прекршувањата на правата во Иран

А1он

Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија

А1он

ЕУ: Руските граѓани не се повеќе заштитени со Европската конвенција за човекови права

А1он

Америка и 20 нејзини сојузници ја осудија Куба за наводното кршење на човековите права

Жарко Настоски

Маричиќ: На Денот на правосудството добивме уште еден охрабрувачки Извештај за состојбите со човековите права на САД

Ана Ололовска