Одбележување 100 години од раѓањето на Венко Марковски

Од:

Учесниците на Осмата Македонска книжевна виита по повод 100-годишнината од раѓањето на еден од основоположниците на современата македонска литература Венко Марковски, денеска ќе го посетат неговото вечно почивалиште на софиските градски гробишта.

Како што јави дописникот на МИА, за ликот и делото на Маркоски пригодна беседа ќе одржи поетот Братисвал Ташковски.

Во Културно-иформативниот центар на Република Македонија во Софија вчера на бугарските поети Елка Њаголова и Бојан Ангелов им беа врачени наградите Макдонски книжевен Дедал. Наградата ја доделува книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, на проминентни бугарски автори во рамки на манифестацијата Македонска книжевна визита за придонес во афирмцијата на македонската книжевност во Бугарија. Се одржа и тркалезна маса на која македонски и бугарски книжевници, преведувачи и издавачи разменија мислења за трендовите и предизвиците во литературата на двете земји во 21 век.

Македонскиот Културно – информативен центар во Софија доби донација од 250 книги изданија на „Макавеј“ по повод 10 – годишнината од формирањето на оваа институција.

Со чествувањето на Маркоски исцрпена е програмата на овогодинешната Осма по ред Македонска книжевна визита во Софија.

Тридневната манифестација е организирана од Книгоиздателството „Макавеј“ во соработка со Македонскиот Културно информативен центар во Бугарија, а е помогнатата од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска