Од печат излезе нова книга во популарната едиција „ПРОаЗА“ – „Тупаници“ од Пјетро Гроси

Од:

Денеска од печат излезе нова книга во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, „Тупаници“ од Пјетро Гроси. Преводот од италијански на македонски јазик е на Катерина Сотирова, а излегувањето на книгата е поддржано од „Креативна Европа“ на ЕУ и Министерството за културан на РСМ.

Раскажани со штеделив и моќен глас што потсетува на Хемингвеј, Селинџер и Остер, трите приказни на Гроси го истражуваат обредот на премин од детски во возрасни години со кој секој од нас се соочил – и што значи да се биде човек во овие модерни времиња.

„Тупаници“, „Коњи“ и „Мајмун“се три моќни приказни за полнолетството на момчињата кои се соочуваат со реалноста и се борат да останат живи во машкиот свет. Во „Тупаници“, тинејџ боксер-аматер за прв пат влегува во рингот и се наоѓа во судир со Животот во сета негова мускулеста сила; во „Коњи“, двајцата браќа на прагот од зрелоста учат да ја играат машката игра на својствен, болен начин; а во „Мајмунот“, еден млад човек сфаќа дека за да останеме здрави и да преживееме на овој свет, треба да ги жртвуваме нашите детски соништа.

Книжевната критика за книгата напиша:

„Пјетро Гроси напиша три приказни кои можеби и самите сте сакале да ги напишете“ – Ла Република

„Постои повеќе моќ и патос во ова кратко парче безвременска проза отколку во повеќето густо напишани романи“ – Даниел Хан, Индипендент

„Неговата страст кон Хемингвеј, Фокнер и Филип Рот може да си види во ова едноставно, прецизно и интензивно пишување“ – Ил Џурнале

Пјетро Гроси, писател и преведувач, е роден 1978 година во Фиренца, a моментно живее и работи во Тоскана. Во 2006 година ja објави книгата „Тупаници“, која стигна до финалето на многу книжевни награди, вклучувајќи ги и престижните „Viareggio“ и „Strega“. Книгата ги освои наградите „ Cocito Montà D’alba“, „Chiara“, „Fiesole Narrative “ за автори под 40 години, како и наградата „Pistoia del Ceppo“. Во 2010 година, англиската верзија на книгата насловена „Fists“, објавена од „Pushkin press“, беше финалист за наградата за странска литература која ја доделува „Independent“. Истата година авторот ја освои и „Campiello Europe Prize“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска