Образовен ликовен камп „Ванѓел Коџоман“ во Струга и Охрид

Од:

Триесет и пет млади ликовни творци и пет ментори-професори по ликовна уметност од Република Македонија учествуваат на 11-от Образовен-ликовен камп „Ванѓел Коџоман“ што се одржува во Струга и Охрид.

На кампот, како што соопшти организаторот Детскиот ликовен центар, изработени се 80 ликовни творби во техниките: акрил и темперана платно, молив, графит и пастел на хартија, туш во боја на хартија, комбинирана техника на хартија.

Делата беа создадени во Струга со посета на постојаната поставка во галеријата со ликовни дела на академик – проф. Ванѓел Коџоман, еден од основоположниците на македонското современо сликарство и ликовна уметност во Република Македонија. Најчесто користени мотиви се старата градска архитектура во Струга и струшката чаршија, Радожда, Калишта, Охридското Езеро, манастирот Св. Наум, црквите Св.Софија и Канео, старата охридска архитектура, Плаошник, Самоиловата тврдина…

Најуспешните ликовни творби ќе бидат изложени во зградата на Кинотека на Македонија – библиотека „Другарче“ во Скопје по повод Денот на незавиосноста на Република Македонија – 8 септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид