Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде објавен добитникот на наградата „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски литературен јазик во 2013 година.
Конкурсот за наградата беше распишан во февруари годинава од организаторите -Редакцијата „Детска радост“ и Домот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а одлуката ја донесе тричлена жири комисија во состав: Милован Стефановски, Бранко Цветкоски и Иван Чаповски.
Наградата на добитникот свечено ќе му биде врачена на 6 февруари 2014 година во Охрид, во рамките на „Прличевите беседи“.