Објавени преведувачките награди за 2014-та година

Од:

Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи – Тетово и Лешок, на седницата одржана на 29 декември донесе одлука за прогласување на лауреатите на преведувачките награди за 2014 година.

Наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев и се доделува на Елизабета Линднер за препев од германски јазик на делото „Поезија“ (избор) од Паул Елан, објавено во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Наградата „Божидар Настев“ за најдобар превод на македонски јазик на прозно дело од светската книжевност и се доделува на Маргарита Велевска за преводот од француски јазик на романот „Три дена кај мајка ми“ од Франсоа Вејерганс, објавен во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Наградата „Абдуљазис Ислами“ му се доделува на Ремзи Салиху, писател и книжевен преведувач од Тетово, за препевот од германски на албански јазик на првиот том од Антологијата на модерната германска поезија.

Заедничката наградата на Сојузот на литературните преведувачи и на Друштвото на писателите на Македонија „Рајко Жинзифов“ му се доделува на Јусуф Сулејман за преводот на ромски јазик на книга со избрани раскази од Ташко Георгиевски.

Наградата „Архиепископ Гаврил“, за превод на духовна литература, му се доделува на свештеник Љупче Миланов за преводот од руски јазик на делото „Старецот Силуан“ од архимандрит Софрониј.

Награда „Златно перо“ за 2014 година им се доделува на Зоран Јовановски, за преводот од француски јазик на делото „Есеи“ од Мишел де Монтењ, на Зорица Теофилова, за преводот од англиски јазик на делото „Англиска музика“ од Питер Акроид, на Ивана Илковска, за превод од англиски јазик на романот „Том Џонс“ од Хенри Филдинг, и на Зорица Николовска за преводот од германски јазик на делото „Фантастични раскази“ од Е.Т.А. Хофман. Сите овие дела се издадени во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“.

Повелбата „30 Септември“ (Светски ден на преведувачот) за 2014 година ѝ се доделува на преведувачката Слободанка Поповска, за нејзината долгогодишна преведувачка дејност.

„Специјалното признание“ за 2014 година, Советот го доделува на скопското книгоиздателство „Антолог“ за интензивното издавање на преводна литература.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска