Објавени книгите наградени на „Бран“

Од:

Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и списанието „Бранувања“ ги објавија книгите  кои во ракопис победија на нивниот конкурс и ги добија  наградите  „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“.

Збирката раскази „Мисија“ од Петре Димовски ја доби наградата „Крсте Чачански“, а поетската збирка „Вистинијана“ од Витомир Долински – наградата „Јован Котески“.

Наградите ќе им бидат врачени на авторите во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на 5 јули, кога ќе бидат промовирани и нивните книги.

Досегашни добитници на наградите се Христо Петрески, Милован Стефановски, Трајче Кацаров и Санде Стојчевски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска