Објавени дела на двајца еминентни европски автори на книги за деца

Од:

Издавачки центар ТРИ неодамна на македонски објави дела на двајца еминентни европски автори на книги за деца. Тоа се „Градината на китот“ од холандскиот писател Тон Телеген и „Која е бојата на бакнежот?“ од шпанската авторка и илустраторка Росио Бониља. Книгите се дел од едицијата „Магични приказни“, поддржана од Програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Раскажана во ритамот на новите басни, „Градината на китот“, во превод на Ели Пујоска, е приказна за желбата на еден кит да ја победи осаменоста. Тој преку писмо го замолува својот малечок пријател скакулец дрводелец да му помогне. Но како? Скакулецот веднаш скокнува на помош. Пристигнува со своето бротче натоварено со дрвја и цвеќиња, мала клупа и реквизити за одмор и – набрзо грбот на китот станува прекрасна градина! Приказна за чудесните пријателства и надминувањето на разликите и осаменоста, за меѓусебната грижа и чувствените длабочини од морскиот свет. За храброста да се биде поинаков, но и еднаков со сите, кога срцето е среќно и отворено за прифаќање на различностите.

„Која е бојата на бакнежот?“ – преведена на македонски јазик од Ненад Велковски – е илустрирана сликовница која на едноставен а храбар начин ја доловува креативната сила на децата и вечните прашања што тие ги поставуваат. Шетајќи нѐ низ цртежите со главната хероиња Минимони, „Која е бојата на бакнежот?“ се доживува како мал филм меѓу две корици. Учејќи ги децата на омилените и на не толку пријатните нешта околу нив, преку нивните бои и форми, оваа книга е одличен пример за поттикнување на детската фантазија. Со прекрасни илустрации и нежност во описите, оваа интерактивна сликовница е уште едно мало богатство за едукација и креативно изразување на сите деца.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска