Oбјавена „Статии и анализи за македонскиот јазик“ на Круме Кепески

Од:

Книга со досега непубликувани трудови на авторот на првата граматика на македонскиот јазик Круме Кепески, насловена „Статии и анализи за македонскиот јазик“ неодамна објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје.

Книгата содржи статии, говори, предавања и разработени јазични прашања, што се однесуваат на општите согледувања на развојот на македонскиот јазик и за одделни јазични прашања; на методиката на наставата за македонскиот јазик; и на лексиката на македонскиот јазик.

Овие трудови на Кепески се исклучително значајни од лингвистички и културолошки аспект поради фактот што тој е авторот на првата македонска граматика, основоположник на граматичарската дејност во Република Македонија и најплодниот автор со дури педесетината изданија на граматики на македонскиот јазик наменети за образованието. Трудовите на Круме Кепески го одбележуваат и развојниот пат на македонскиот литературен јазик.

Круме Кепески (Прилеп, 1909 – Скопје, 1988), македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби, првата Македонска граматика ја објавил на 26.1.1946 година. Автор е на повеќе граматики за основното и средното образование. Постхумно се објавени книгите: Прилепскиот говор (1993), Островот бил парче земја (1994), Книга за Круме Кепески (1999) и Од нашиот речник (2007).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска