Објавена „Mисла и смисла“ на Нове Цветаноски

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје ја објави теориско-есеистичката книга „Мисла и смисла“ на Нове Цветаноски. Книгата содржи над педесет теориски, критички и есеистички текстови и претставува избор од околу тридецениската литературно критичарска актива на авторот.

„Мисла и смисла“ е составена од два дела. Првиот дел – „Читање и толкување“ содржи еден обемен теориски текст – „Толкувањето на поезијата“, кој всушност е студија за толкувањето на литературното дело, првенствено на песната.

Во вториот дел, „Избор и збор“ се опфатени критичко-есеистички согледби на дела од современата македонска литература, односно за поезијата, прозата, литературата за деца и млади и за книжевната историја.

– Видена како целина, книгата „Мисла и смисла“ на Нове Цветаноски претставува камерен, што значи хармоничен и целисходно подготвен избор од неговата веќе неколку децениска литературно теориска и литературно критичка актива. Не случајно, затоа, книгата е и структурирана со оглед на тие два сегмента од неговиот, инаку, уште поширок досегашен ангажман како на планот на литературата, така и пошироко, пишува рецензентот на книгата, Науме Радически.

Нове Цветаноски е публицист, преведувач, литературен критичар, есеист и издавач. Превел и препеал десетина книги и повеќе литературни текстови од бугарски, хрватски, српски и други јазици. Автор е и на книгата „Разнесено наследство“, на публицистички и монографски дела, а е приредувач на зборникот со интерпретативни текстови „Толкувања“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска