Објавена книгата за деца „Слаткарницата на кривогледиот Џим“

Од:

Издавачката куќа „Бата прес“ ја објави книгата за деца „Слаткарницата на кривогледиот Џим“ од чешкиот писател Марек Томан, која од чешки на македонски ја преведе Мирјана Наумовски (Мими Наум). Објавувањето е во рамките на проектот „Креативна Европа“ и поддржано од Европската Унија.

Во слаткарницата на кривогледиот Џим, на Дивиот Запад во Америка, служат свежо кафе, торти и јајца, но таму се стекнуваат и книжевни и читателски навики. Отворањето библиотека дури и во затворот ќе го направи животот поподнослив за најтешките криминалци.

-Култивираниот дух на нивните литературни средби го облагороди градот. Авторот Марек Томан маестрално ги ткае пародиите и фразите, обрнувајќи внимание на квалитетната и на другата светска литература, бидејќи тие имаат сила кај децата и младите да предизвикаат љубов кон книгата, наведува издавачот на книгата.

Марек Томан (1967) е чешки прозаист, поет и преведувач. Студирал филозофија на Карловиот универзитет во Прага. Бил уметнички директор во радио, а од 1997 година работи во Министерството за надворешни работи на Чешка. Десет години бил дипломат во Естонија и Унгарија.

Негови дела се преведени на англиски, фински, унгарски, српски и на други јазици. Нашата издавачка куќа „Бата прес“ минатата година на македонски јазик го преведе и објави и неговиот роман „Пофалба на опортунизмот“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска