Објавена книгата „Училишен театар“ од Киро Донев

Од:

Книга за деца насловена „Училишен театар“ од Киро Донев е објавена во издание на „Македоника литера“ од Скопје.

Книгата содржи близу 40 пиески (едночинки) за деца, со теми од животот на современо дете: домот, училиштето, улицата, детската игра, природата… Покрај децата јунаци (главни и споредни), во пиеските се сретнуваат и „претставници“ на животинскиот и растителниот свет, но и птиците, инсектите и таквите мали-големи нешта од секојдневјето кои човекот не ги забележува многу, а се многу важни во животот и на луѓето, но и за рамнотежата во природата.

Киро Донев е автор на 40-тина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска