Објавена книгата „Така зборуваше Лао Це“ од Чарлс Ќ. Ву

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Така зборуваше Лао Це. Тао Те Кинг – нов превод со коментари“ од познатиот кинеско-американски синолог Чарлс Ќ. Ву. Книгата е објавена двојазично – на македонски и на англиски јазик, а поглавјата од „Тао Те Кинг“ се објавени и во оригинал – на кинески јазик. Преводот од англиски на македонски јазик е на Сибел Ајдинова.

– Чарлс Ќ. Ву е кинеско-американски универзитетски професор и како одличен познавач на древната кинеска филозофија, но и на англискиот и на кинескиот јазик, и покрај многубројните досегашни преводи на ова дело на англиски јазик, извршил нов превод на делото на Лао Це на англиски јазик, но како одличен познавач на таоизмот истовремено нуди толкувања и суштински анализи на текстот на Лао Це, со кои му дава нова светлина од семантички, филозофски и историски аспект на ова дело, односно на учењето на Лао Це и на таоизмот, се вели во соопштението од „Македоника литера“

Бидејќи во дефинирањето и во прецизирањето на терминологијата, додаваат оттаму, тој се повикува на англискиот јазик, на кој досега се извршени најмногу преводи на „Тао Те Кинг“, но и затоа што повеќе терминолошки појаснувања се однесуваат на лексиката на англискиот јазик, ова дело на Чарлс Ќ. Ву „Македоника литера“ го објави двојазично, а автентичниот текст на „Тао Те Кинг“ – тројазично. Кинескиот текст, посочуваат, е отпечатен и во формата на традиционалните знаци и во формата на упростените знаци.

-„Tао Tе Kинг“ не е само книга на идеи, туку дело и на книжевната уметност. Тоа е едно од најпреведуваните и највлијателните дела од светската литература. Овој нов превод му дава една нова димензија на делото на древниот кинески филозоф Лао Це, наведуваат од „Македоника литера“.

Во текот на својата историја, „Тао Те Кинг“ бил читан на многу начини, како книга за филозофијата и метафизиката, како религиозно писмо, како класик за самоусовршување, совети за управување, основен текст за воена стратегија, енциклопедија на практичната мудрост, претхристијанско пророштво и така натаму. Иако сите овие читања се можни, нивната полноважност зависи од основното разбирање на трите клучни концепти содржани во насловот.

Д-р Чарлс Ќ. Ву, професор емеритус за кинески и хуманитарни науки на Колеџот Рид, САД, е роден и израснат во Шангај, Кина.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска