Објавена книгата „Средби и разговори“ од Томислав Османли

Од:

Книгата „Средби и разговори“ на авторот и новинар Томислав Османли излезе од печат во издание на „Авант прес“ од Скопје.

На повеќе од 150 страници текст книгата содржи шест опсежни интервјуа реализирани пред повеќе од 30 години со наши истакнати дејци – театарскиот ветеран уште од времето на патувачките трупи и филмски првенец Петре Прличко, академскиот сликар педагог и академик Вангел Коџоман, големиот муралист и сликар Борко Лазески, нашиот најистакнат копаничар Славе Атанасоски-Крстанче, пионерот на македонскиот филмски документаризам и фотографија Благој Дрнков и доајенот на професионалната театарска сцена Тодорче Николовски.

Овие повеќечасовни разговори на авторот и новинар Томислав Османли, кои поради ограниченоста на новинскиот простор биле делумно објавувани во весникот „Нова Македонија“ под заедничкиот наслов „Средби со доајените“, а еден и во неделникот „Млад борец“, сега за прв се објавуваат целосно.

Главен уредник на книгата е Горјан Лазаревски, ликовно и графички е уредена од Симе Шундуловски, лектурата ја реализира Елизабета Конеска, а на задната корица е фотографија на авторот Томислав Османли при еден од новинарските разговори застапени во книгата, снимена од водечкиот репортер на „Нова Македонија“, Живко Јаневски.

Книгата е финансирана од буџетот на градот Скопје за 2021 година, а по конкурсот за дела од културата и уметноста од интерес на Градот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска