Објавена книгата „Сновење“ од Лада Шоптрајанова Петровска

Од:

Од печат излезе книгата „Сновење“ (музички приказни) од авторката Лада Шоптрајанова Петровска. Книгата е објавена во едицијата „Виртус“ на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје.

Како што соопшто изадавачот, „Сновење“ е збирка од 52 приказни во кои авторката на префинет и читлив начин ни ги раскажува приказните за најголемите создавачи во музиката (Моцарт, Верди, Пучини, Дебиси, Бетовен, Сибелиус, Чајковски, Рахманинов, Шостакович), за нејзините со-создавачи, изведувачи, кои биле или не биле наши современици (Паганини, Калас), сè до приказните за нам временски блиските (Пјацола, Коен и Шпато).

– Во секоја „приказна“ има приказна – има делче од нечиј живот, што го препознаваме како наш. Токму тоа давање живот на познатите и многупати преслушувани музички дела е тоа што ги прави овие редови посебни. Во современата униформираност, површност, забрзаност и избрзаност, во трката со времето и заборавањето на себе, Шоптрајанова Петровска нè поттикнува да си дадеме малку време за себе, да си погледнеме во срцата, да си го чуеме сопственото срце и да се препознаеме во величественоста на музиката за која пишува, напиша Славица Бабамова.

– Ракописот на Лада Шоптрајанова Петровска е пребогат и како книжевен и како музички поттекст. Како материјал, како краткотрајно задоволство напоено со знаење и компетенција. Повлекува врски и со филмот (конкретно во записите за Пучини и Моцарт), со ликовната уметност (Алма Малер – Густав Малер – Оскар Кокошка – Климт)… Шоптрајанова Петровска музичките дела ги ситуира во широко сензибилни контексти и тоа директно резултира со читливост, висока приемчивост на текстот, напиша македонската писателка и критичарка Оливера Ќорвезироска.

Лада Шоптрајанова Петровска е родена во 1972 година во Скопје. Основно училиште завршила во Скопје, а образованието го комплетирала на ФМУ во 1994 година. По образование и професија е виолинистка, а дополнително, по вокација – филигранистка и екологистка. Од 1993 година е надворешен соработник во Македонската филхармонија, а од 1995 до 2019 година нејзин редовно вработен член. Од 2017 до 2020 година соработува со весникот „Нова Македонија“, во кој еднаш седмично има своја рубрика насловена како „Музички приказни“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска