Објавена книгата „Острење од тапоста“ од Иван Антоновски

Од:

Во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје објавена е книгата „Острење од тапоста“ од Иван Антоновски.

Се работи за збирка колумни, објавени во периодот од декември 2013 до март 2014 година.

Колумните на Антоновски, според издавачот, содржат анализирање и промислување на современата македонска книжевна сцена и македонскиот културен простор. Антоновски, како што посочува издавачот, ги отвора прашањата што досега никој не се осмели да ги отвори: прашањата за релативноста на наградувањето и наградите, непостоењето на сериозна книжевна критика, функционирањето на книжевниот пазар во земјава и ранливите прашања на вредностите и комерцијализацијата. Авторот говори за непостоењето критериуми во креирањето одредени антологии и за борбата на генерациите и поетиките во македонскиот книжевен салон.

Книгата „Острење од тапоста“ е единствена во својот вид кај нас и претставува значаен чекор во обидите за воспоставување критериуми и за превреднување на културните чинители што во нашиот културен простор, неретко некритички се восприемаат.

Ќе биде достапна на Саемот на книгата на штандот на „ПНВ Публикации“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска