Објавена книгата „Наративни светови“ од Лидија Стојановиќ

Од:

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје во едицијата „Логос“ ја објави книгата „Наративни светови“ од д-р Лидија Стојановиќ, научен работник во Институтот за фолклор во Скопје.

„Наративни светови“ претставува истражување на народната наративна култура. Ракописот претставува едно ново истражување, во кое авторката Лидија Стојановиќ на сублимиран начин ги обединува најновите теоретски достигнувања во етнолошко-фолклористичките истражувања, но пред сè ги предочува сопствените емпириски матерјали и наодите добиени од нејзините долгогодишни теренски истражувања.

Лидија Стојановиќ е автор на поголем број студии од областа на фолклористиката меѓу кои „Феноменот на иницијацијата во македонската народна книжевност“, „Методи на истражување на фолклорот“, „Хоризонти на народната култура“ и др.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска