Објавена книгата „Историјата и нејзините лажговци“ од Стефан Влахов Мицов

Од:

„Матица македонска“ ја објави книгата „Историјата и нејзините лажговци“ од проф. д-р Стефан Влахов Мицов, за која соопшти дека е „шокантна алтернатива на историјата на цивилизациите од антиката до средниот век, како и за двовековното владеење на светската влада во сенка“.

– Авторот посебно пишува и за скриените цели и реални разлики на двете светски војни. Научното истражување на Мицов е доказ дека вистинската историја е пожестока и поопасна од секоја фантастика, соопшти издавачот на книгата.

Стефан Влахов Мицов (Габрово, 1956) е автор на богат научно-истражувачки, книжевен и публицистички опус, а неговата книга „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ предизвика голем интерес кај читателите и во научните кругови во балканските земји.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска