Објавена е книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски која, како што наведуваат авторите, толкува тема што недоволно е истражувана во современиот театар на глобален план.
-Во најголема мерка се однесува на современиот македонски театар повикувајќи се најмногу на примери од Меѓунаародниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, но и од фестивалот на пантомима „Панфиз“, фестивалот на монодрама што се одржува во Битола и Меѓународниот фестивал „Актерот на Европа“, велат авторите на изданието.
Камерниот театар се сообразувал со севкупните промени во општеството, но и на регионално и национално ниво.
-Тука се мисли на промените во општествено-политичкиот живот, социјално-психолошките промени, улогата на новите технологии, воено-политички и геостратешки промени, идејни, философски, еколошки и хуманитарни, естетски, етички и слично. Во таа смисла камерниот театар може да се проследува како побуна против класичниот театар и обид тој да се менува, се посочува во поговорот на изданието.