Објавена книгата „Албанскиот проблем во Југославија по Тито“ на бугарската историчарка Маријана Стамова

Од:

„Македоника литера“ ја објави книгата „Албанскиот проблем во Југославија по Тито (1980 – 1990)“ од бугарската историчарка Маријана Стамова. Во оваа книга се разгледува и се оценува турбулентниот период меѓу два важни историски настана: смртта на Тито и почетокот на посттитовскиот период кога имаше сериозни знаци на распаѓање на Југославија и XIV вонреден конгрес на СКЈ, кога се создаваат објективни услови за реално распаѓање на државата.

– Во овој контекст, албанскиот фактор зазема особено важно место за иднината на југословенската федерација во судбоносните 80-ти години на минатиот век. Научноистражувачкиот интерес на авторката за албанскиот проблем во Југославија по смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година е предизвикан од бурните настани од тоа време согледани од историска временска дистанција, стои во соопштението.

Маријана Стамова, е доктор по историски науки и доцент на Институтот за балкански студии со Центар за тракологија при Бугарската академија на науките и разгледувањето на темата на книгата го започнува со условите и општествениот контекст во 70-тите години на минатиот век кога почнува да се изострува албанското прашање во југословенската федерација, анализирајќи ги историските корени на овој проблем и пред сè уставното уредување на југословенската федерација.

Во делото согледан и е албанскиот проблем во Македонија во тој период. Оваа студија на Стамова се потпира на богата фактографија, користена од голем број библиографски а архивски извори. Бидејќи во неа е темелно елаборирана политичката состојба на тогашна Југославија во период од една деценија во која всушност се менуваат, заоструваат и преуредуваат и односите во самата федерација и односите меѓу федералните единици, оваа книга на Стамова истовремено претставува и своевидна историја на распаѓањето на Југославија.

Научноистражувачките интереси Маријана Стамова се поврзани со албанското прашање на Балканот и конкретно во Југославија по завршувањето на Втората светска војна; улогата на албанскиот фактор во процесите на нејзиното распаѓање; местото и положбата на Албанците во новите независни држави. Се занимава и со современите аспекти и тенденции во развојот на Република Македонија, нејзината внатрешна и надворешна политика, етномалцинските проблеми со кои се соочува по нејзината независност во 1991 година.

Стамова е автор на околу 90 научни студии и написи и на четири книги, од кои две се преведени на албански јазик.

Би можело да ве интересира

„COMPENDIUM PHILOSOPHIAE“ – нова книга од д-р Бошко Караџов во издание на „Аз-Буки“

Ана Ололовска

Конкурс за текстови по повод 70-годишнината на литературното списание „Современост“

Ана Ололовска

Објавена монографија „Гордоста на Кавадарци“ од Тимчо Апостоловски

Ана Ололовска

Објавена монографијата „Дописниот шах во Македонија“

Ана Ололовска

Сликовницата „Три мали волчиња“ од грчки преведена на македонски јазик

Ана Ололовска

Романот за деца „Сенишната шума“ во издание на „Паблишер“

Ана Ололовска