Објавена „9“ – драма од Гоце Ристовски

Од:

Излезе од печат драмата „9“ од македонскиот писател Гоце Ристовски, прв негов објавен драмски текст.

Во поговорот кон изданието театрологот Тодор Кузманов, меѓу другото истакнува дека „во постмодернистички стил Гоце Ристовски селективно избира новински цитати, како што е црната хроника, но и од повеќе автори (Гинзберг, Борхес,  Шекспир, Шимборска и др.) кои потем ги организира за да ја структуира својата драма, а таа драма е драма за цивилизацијата која ита кон својот крај“.

– Авторот како да ни порачува дека напредокот на цивилизацијата слично како и напредокот на болеста – води кон смрт! Внимателното читање на драмата на Ристовски ни открива дека релацијата на која тој се позиционира е омеѓена, ако не и условена од драматургијата на Бекет и Јонеско, Брехт и модерната европска драматургија на пот, крв и сперма! Во неа преовладува апсурдот, немоќта и очајот, но во неа се неизбежни и политички интонираните тези за биполарниот свет и актуелните политички случувања кои го преобликуваат нашиот свет. Ама не на подобро. Дијалогот и репликите на Ристовски „вријат“ од луцидности и досетки, но без претензија и залудна амбициозност дека нешто ќе сменат од постојниот поредок, туку тоа се дискретни и суптилни назнаки на тоа што актуелно ни се случува. Тука, но и насекаде во светот“, вели Кузманов.

Гоце Ристовски е автор на два романа, две збирки раскази, две антологии, неколку монографии и на повеќе преводи од балканските јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска