Објавен романот „Животот почнува во петок“ од Јоана Парвулеску

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Животот почнува во петок“ од Јоана Парвулеску. Книгата е добитник на Европската книжевна награда за 2013. Преводот е на Ермис Лафазановски.

Во 1897 година на едно поле близу Букурешт пронајден е онесвестен маж. Никој не го познава и секој има различни претпоставки: дали е дојденец од странство кој сака да си ги сокрие трагите? Дали е криминалец? Болен човек?

Дејството на овој напнат роман, кој наликува на полициски трилер, со неверојатно живи личности со кои читателот лесно се спријателува, се случува во период од 13 дена, од петок 19 декември до крајот на годината. Атмосферата на Букурешт од крајот на векот, е пренесена небаре на филм. Доволно е да ја отворите книгата и веќе сте таму. Романот е објавен со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Јоана Парвулеску е еден од најважните гласови на современата романска книжевност. Дипломирала на Факултетот за книжевност, каде и предава од 1996 година. Докторирала на тема книжевни предрасуди. Преведува од француски и од германски. Членка е на Друштвото на писатели на Романија.

Ермис Лафазановски е македонски преведувач, раскажувач, роман­сиер, историчар и теоретичар на литературата. Доктор e по филолошки науки. Работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Претседател е на Македонскиот ПЕН-цен­тар.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска