Објавен романот „Вознемирени луѓе“ од шведскиот автор Фредрик Бакман

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамки на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови/Europe is BRAVE NEW WOR(L)DS“ ја објави книгата „Вознемирени луѓе“ од шведскиот автор Фредрик Бакман.

Како што соопшти издавачот, „Вознемирени луѓе“ е апсурдна комедија за заложничка драма што се случува среде презентација на стан за продажба. Неуспешен ограбувач на банка се затвора со група луѓе со чудни, необични карактери. Разбојникот на крајот ќе се премисли и ќе ги пушти сите заложници, но, кога полицијата ќе влезе внатре, станот е – празен.

-Полна хумор и емпатија, „Вознемирени луѓе“ е генијално конструирана приказна за трајната моќ на пријателството, простувањето и надежта – нештата што нè спасуваат дури и во немирни времиња, се наведува во соопштението.

Македонското издание на книгата oбединува два јубилеја. Го носи редниот број 300 во едицијата „Бранови“, најбројната едиција на издавачка куќа во земајава. „Вознемирени луѓе“ излегува истовремено и со јубилејниот четириесетти роденден на Фредрик Бакман, како своевидна честитка за него од неговиот македонски издавач, за што и авторот упати посебна благодарност.

Фредрик Бакман (1981) е шведски писател, блогер и колумнист. Неговите книги се продадени во милионски тиражи низ целиот свет, со што станал еден од најпопуларните писатели за сите генерации читатели. Пишува романи проткаени со оригинален хумор и со искрена човечка трогателност.
Преведен е во повеќе од четириесет држави. Живее и работи во Стокхолм.

Во изданието на „Вознемирени луѓе“ на македонски јазик преводот од шведски е дело на Ивица Челиковиќ, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска