Објавен романот „Смоква“ од словенечкиот автор Горан Војновиќ

Од:

Во издание на издавачката куќа „Или-Или“ денеска ќе биде објавен романот „Смоква“ од словенечкиот автор Горан Војновиќ.

Овој роман е 182 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, додека преводот од словенечки јазик е на Давор Стојановски, а дизајнот на корицата на Марија Смилевска.

– По „Југославија, моја дежела“, ова е втор превод на роман од младиот и наградуван писател во издание на ИЛИ-ИЛИ. Излегувањето на „Смоква“ финансиски е помогнато од Јавната агенција за книга на Р. Словенија и од Министерството за култура на РСМ, информираат од издавачката куќа „Или-Или“.

„Смоква“ е досега најкомплексниот и најзрел роман на Војновиќ, значително поинтимен, фокусиран на судбината на три генерации од едно семејство, битно обележан со некогашната заедничка држава и со нејзиниот распад. Како и сите претходни романи, така и овој ги надминува границите на матичната словенечка книжевност, првенствено поради темите со кои се занимава, поради јазикот со кој се служи и поради сместеноста на фабулата, но и поради преокупацијата со прашањето на идентитетот и на неговото создавање. „Смоква“ врие од силни, но прикриени емоции, а од сочниот и презреан медитерански плод, кој пука по шевовите, капе семејната сага во која се преплетуваат судбини, љубови, неостварени желби и суровите реалности од нашите животи, посочуваат од „Или Или“.

Горан Војнович (1980, Љубљана) е словенечки режисер, писател и колумнист. Автор е на романите: Јужњаци, марш! (2008), Југославија, моја дежела (2012), и Смоква (2016.) За секој од овие романи ја добива престижната „Кресникова награда“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска