Објавен романот „Проштален подарок“ од Владимир Тасиќ

Од:

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје го објавен романот „Проштален подарок“ од современиот српски прозаист Владимир Тасиќ.

Романот е објавен во рамки на проектот 100 словенски романи, кој се реализира од страна на тринаесет словенски земји. Досега во Македонија се реализирани осум наслови од земјите учеснички во проектот, а шест македонски романи до годинава во различните земји.

Романот на Тасиќ е сугестивна и вртложна приказна. Книгата го открива Тасиќ како писател на исклучителна сила и несекојдневна имагинација и култура. Почнувајќи го како роман за семејниот живот во пореметената историска рамка на деведесеттите години од минатиот век, прераснува во возбудливо и силно раскажување за драматичната потрага по братот и за искуствата на новата емиграција. Јунакот на Тасиќ заминува од Нови Сад во чија митологија и секојдневие овој роман го наоѓа едно од своите плодоносни средишта, за дури во Канада, во својот сосема нов живот кој во никој случај не е ослободен од искустата на животот кој е напуштен, ја дознал целата вистина за братот и за неговото исчезнување.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска