Објавен романот „Проклетството на Палмизанови“ од каталонскиот автор Рафел Надал

Од:

Во издание на „Бата прес“ е објавен романот „Прокетството на Палмизанови“ од каталонскиот автор Рафел Надал, со поддршка на Министерството за култура и на каталонскиот Институт за култура.

-Палмизанови е италијанска трагедија меѓу владеењето на Мусолини и надежите за ослободувањето, запишана од мајсторското перо на реномираниот каталонски писател. Покрај љубовната сторија, романот е историски и документарен и осветлува еден малку познат период од италијанската историја од Втората светска војна, наведува издавачот на книгата која од каталонски на македонски јазик ја преведе Маргарита Маленкова.

„Бата прес“ ќе го промовира романот на претстојниот Саем на книгата, а во најавата соопшти дека се работи за бестселер – најпреведуван каталонски роман кој е објавен на 25 јазици.

Авторот Рафел Надал Фарерас (1954) е добитник на врвни книжевни награди. Бил новинар, уредник и директор на повеќе весници и книжевни списанија. Првата книга „Los Mandarines“ (Мандарините) ја објавил 2011 година, а наредната година и својот прв роман „Quan érem feliços“ (Кога бевме среќни). Оттогаш објавил уште три романи, меѓу кои е и „Проклетството на Палмизанови“ (La Maledicció dels Palmisano) во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска