Објавен романот „Ножот на Аврам“ од „исландскиот Ден Браун“

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Ножот на Аврам“ од писателот кого го нарекуваат „исландскиот Ден Браун“ – Отар М. Нордфјорд. Во книгата се предвидуваат нападите во Париз и трета светска војна меѓу христијаните и муслиманите. Преводот на македонски јазик е на Ѓургица Илиева.
Дејството почнува кога Џејмс Донели, ирски писател, добива мистериозна разгледница од својот неодамна починат пријател. На неа е испишан енигматичен текст за кој ќе се утврди дека е пророштво од Нострадамус. Во потрага по вистината, Донели и неговиот асистент се вовлекуваат во хаотична бркотница по улиците на Њујорк, но Њујорк по 11 септември 2001 година. Затоа, и ЦИА е заинтересирана за оваа теорија на заговор. Тие откриваат тајна што е толку моќна што може да го промени начинот на кој луѓето го перципираат својот однос кон верата.

Од критиката овој трилер е оценет како „бескрупулозен, брз и крајно возбудлив“, како и дека зборува за „нешта што ќе го разнишаат светот во кој живееме“.

Отар М. Нордфјорд (1980) е автор со чешко и со исландско потекло, кој живее во Шпанија и во Исланд. Магистер е по етика, но има учено и арапски, историја, книжевност и уметност. Досега објавил осум романи, пет книги со поезија, два политички стрипа и биографија што стана најпродавана книга во Исланд. Објавил и есеј за моралниот систем на викинзите.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска