Објавен романот „Комита“ од Владимир Плавевски

Од:

Во издание на „Македоника литера“ излезе од печат романот „Комита“ на македонскиот писател Владимир Плавевски.

Романот е структуиран на пет делови и во него се отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20 век. Главниот лик, комитата Лазар ја посветува својата животна кауза на татковината, а неговиот лик е граден врз реконструкција на вистински настани.

Плавевски е романсиер, раскажувач, драмски писател, фотограф, сценарист и режисер, минатогодишен добитник на наградата „Роман на годината“. Ги објавил книгите со раскази „Играч на фанта“, „Амкање“, „Ловец на самовили“, „Поплава“ и „Вистински приказни“, романите „Цена од Ново Маало“, „Последниот сплавар на Вардар“, „Јадица“, како и книгите „Градител на боговите“, „Папарацо – феномен на денешнината“ и „Фотографија“. Автор е и на драмски дела за тетара, сценарија за телевизиски филмови, играни серии…

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на ДЛУПУМ, како и на Друштвото на филмските работници на Македонија.

Добитник е на повеќе награди на конкурси за расказ, а учествувал и на голем број групни фотоизложби во Македонија и во странство. Одржал 23 самостојни изложби на уметничка фотографија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска