Објавен романот „Циганин, ама најубавиот“ од Кристијан Новак

Од:

Издавачката куќа „Готен“ го објави романот „Циганин, ама најубавиот“ од хрватскиот писател Кристијан Новак.

Станува збор за роман кој е еден од најнаградуваните хрватски романи во последните години, добитник на најрелеватните награди за проза во Хрватска, наградата „Т портал“, „Ксавер Шандор Галски“ и „Фран Галовиќ“.

„Циганин, ама најубавиот“ е роман кој може да се чита како криминалистички роман, љубовна приказна, општествена критика, како и филозофски роман за тоа колку нештата навистина се такви какви што изгледаат.

Протагонистите сочинуваат интригантна галерија од ликовÐ ¸ кои ги препознаваме од нашите стравовите во секојдневието. Но, она што од овој роман прави неповторливо читателско искуство е мајсторскиот начин на кој тие се вклопени во приказната.

Кристијан Новак е хрватски писател, лингвист и универзитетски професор. Првиот роман „Обесените“ го објавува во 2005 година, во 2013 следува „Црна мајка земја“, а во 2016 романот „Циганин, ама најубавиот“. Според „Циганин, ама најубавиот“ е настаната и театарска претстава во продукција на Хрватскиот народен театар во Загреб, во адаптација на Ивор Мартиниќ.

Преводот од хрватски јазик е на Владимир Јанковски.

Владимир Јанковски завршил општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Активно се занимава со книжевен превод. Преведува од хрватски, српски, босански и англиски јазик.

Издавањето на книгата е поддржано од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска