Објавен првиот број на списанието „Современост“ за 2023 година

Од:

Излезе од печат најновиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година. Во првиот број се вклучени 21 статиja на 114 страници: два прилога проза, шест прилози поезија, три приопштувања, пет прилози од рубриката интерпретации, четири рецензии и афоризми.

Бројот е отворен со расказот „Јамата“ од Стефан Марковски и „Пригушени осцилации“ од Станка Бајлозова Барламова. Потоа следи избор поезија од: Васил Дрвошанов, Мирјана Тренчева, Иван Стојановски, Марина Икономова Шокева, Никола Алтиев и Софија Добреска.

Преведени извадок од романсиерското творештво на славниот автор на готскиот хорор роман „Дракула“ Брам Стокер, како и од поезијата на современиот перуански поет Емилио Мартин Паз Панана и современата кинеска енциклопедистичка поетеса Јин Џиојуан се сместени во рубриката Приопштувања. Васил Тоциновски и младите македонистки Верица Мукоска, Симона Анакијевска, Моника Колева и, библиотекарката Елена Станкоска се застапени со статии во рубриката Интерпретации.

Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од: Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Јованка Денкова и Андреј Медиќ Лазаревски.
Крајот е отстапен за прилог составен од 165 афоризми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски.

Илустрациите во првиот број на „Современост“ за 2023 год. се дело на младиот ликовен уметник Калин Маловски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска