Објавен преводот на книгата „И кој и да ме сретне…“ од Отар Чиладзе

Од:

Преводот на книгата „И кој и да ме сретне…“ од грузискиот автор Отар Чиладзе излезе од печат во издание на Издавачката куќа Икона.

Отар Чиладзе (1933-2009) е еден од великаните на грузиската книжевност. „И кој и да ме сретне …“ е роман за „социјалниот“ човек во кој, сепак постапките на јунакот не се мотивирани од социјалните чинители на животот, туку пред сè, од поривите и страстите што свесно или пот-свесно, најчесто ирационално, избиваат од застрашувачки меѓусебно отуѓени луѓе.

Чиладзе на маестрален начин ги опишува ситуациите кога се доаѓа до привидно апсурдната помисла дека добротата го распрснува злото, или се констатира дека иднината на секоја убави-на е нагрденоста. Тоа е роман – семејна хроника, во која всушност нема ни семејство, ни хроника.

„И кој и да ме сретне…“ е роман во кој отелотворувањето на атмосферата преовладува над настаните, а над деталните, систематични описи на ликовите пре-овладува нивната глобална проекција, со што се доловува и отвора комплексот на филозофските проблеми на човековата егзистенција.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска