Објавен превод на романот „Броеница“ од грузиската писателка Тамта Мелашвили

Од:

„Македоника литера“ го објави романот „Броеница“ од грузиската писателка Тамта Мелашвили, кој е протест против секоја војна, згусната и преполна со емоции проза од само стотина страници, каде што раскажувањето е сведено на најпотребното и се одвива преку дијалогот на две тринаесетгодишни девојчиња.

– Тоа покажува дека за впечатлива приказна не се потребни големи фабули, заплети и многу ликови. Авторката раскажува за болката со болка, за нежноста со нежност, за стравот со детскиот страв и доловува еден руиниран и расплакан живот полн со болка и страдање, но ги доловува и детската итрина и храброст, соопшти издавачот на книгата која од руски ја преведе Ленче Тосева.

Тамта Мелашвили (1979) е родена во Грузија, а една година живеела во Германија, каде што од прва рака го искусила мигрантскиот живот и почнала да пишува за тоа. Во 2008 година дипломирала на Централниот европски универзитет во Будимпешта. Денес живее во Грузија и работи како истражувач и предавач на Државниот универзитет во Тбилиси. Активист е за правата на жените и експерт за родови прашања. Своите раскази прво почнала да ги објавува на литературни веб-страници, а подоцна биле вклучени и во разни антологии.

„Броеница“ е нејзина прва дебитантска книга објавена во 2010 година и набргу постигнала голем успех. Во 2011 година за неа ја доби највисоката литературна награда „Саба“ во Грузија, а во 2013 романот ја доби германската награда за литература за млади – Deutsche Jugendliteraturpreis. Романот е преведен на голем број јазици. Пред шест години според него е поставена претстава во театарот Бремен во Германија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска