Објавен превод на чешкиот роман „Теорија на чудноста“

Од:

„Македоника литера“ објави превод на романот „Теорија на чудноста“ од чешката писателка Павла Хоракова, награден со највисоката книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.

Издавачот соопшти дека книгата се чита и како љубовна приказна со загатка, но истовремено и како расудување за смислата на суштествувањето, карактерот на времето, историјата на Централна Европа, за туѓите влијанија кои главниот лик, интелектуалката Ада Сабова, ги забележува околу себе, а кои со карактеристичниот хумор, саркастична перцепција и мистичност, се обидува да ги обедини во „теоријата на чудноста“.

– За сите овие феномени, таа бара сеопфатна дефиниција во својата „теорија за чудноста“ и открива дека не може да ги сфати бесконечните сложености на светот со чиста причина… Романот „Теоријата на чудноста“ е оценет како дело на голем литературен талент во комбинација со брилијантен интелект и со т.н. женска мистика, наведува „Македоника литера“ за романот преведен на македонски од Даниела Роус Мишевска и Донка Роус.

Павла Хоракова (1974) е чешка писателка, литературен преведувач и радиски новинар.„Теорија на чудноста“ од 2018-та е нејзин прв роман за возрасни. Претходно објавила детективска трилогија за млади (2010, 2011, 2012) и новелата „Јохана“ како коавтор. Има преведено над 20 книги од англиски и од српски јазик и е добитник на две награди за превод.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска