Објавен поетски зборник „Литературно шаренило на Балканот“

Од:

Објавен е зборник „Литературно шаренило на Балканот“ – мултикултурно издание како синтеза на поетски творби на поетите што живеат и творат во земјава, а се припадници на различни етнички заедници. Уреднички на зборникот се Марина Мијаковска и Алмира Папиќ, според кои, оваа книга е поетски дијалог меѓу поетите кои се со различен национален идентитет и говорат и творат на различни јазици, а живеат во иста татковина.

– Идејата за да се создаде ваков мултикултурен проект беше поттикната од нашето македонско општество кое е мултиетничко шаренило. Овој зборник со поезија е резултат на шестгодишниот фестивал на поезијата насловен „Balkansko veče poezije”, а што секоја година се одржува на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари) во Скопје, а во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците -„Шадрван“, наведуваат уредничките на изданието.

Во „Литературно шаренило на Балканот“ се застапени триесет и шест поети со по една песна на нивниот мајчин јазик и на македонски јазик: Ферид Мухиќ, Борче Панов, Ерол Туфан, Марина Мијаковска, Делвина Крлуку, Љерка Тот Наумова, Алмира Папиќ, Рабије Рашид, Ирена Јурчева, Пунторие Муча-Зиба, Славица Дабевска-Ќировска, Димо Н. Димчев, Ленче Милошевска, Лира Бојку, Оливера Доцевска, Адем Абдулаху, Стојан Арсиќ, Берзат Садики, Славчо Ковилоски, Сеида Бегановиќ, Александра Велинова, Севдија Абдулова Демирова, Авдулах Рамчиловиќ, Филип Димкоски, Дајана Демири, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Шериф Емин, Ванѓа Михајлова Штерјова, Аго Хаурдиќ, Сезен Сејфула, Биљана Кукунешоска, Десанка Цамиќ, Мехмед Ариф, Каљош Челику, Џемаил Ибраим и Далибор Плечиќ.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот