Романот „Сама“ на Исидора Бјелица, кој претставува исповед за делот од нејзиниот живот за кој никој досега не знаеше ништо е преведен на македонски јазик и од денес е во продажба во книжарската мрежа на „Просветно дело“.
Хероината на романот „Сама“ скита по светот, заминува за Мексико во потрага по клучот за разбирањеото на нашето битие и смисла, не знаејќи дека одоговорот всушност се наоѓа во нејзинотот срце. И кога многу години подоцна ќе се соочи со крајна безнадежност, кога ќе помисли дека сите ја напуштиле и дека останала сама, сфаќа дека патот до срцето на саканиот води низ сопственото срце, се наведува во соопштението на „Просветно дело“.
Ова е лична приказна која ни ја прикажува Бјелица во сосем ново и поинакво светло. Исидора Бјелица е еден од најсаканите и најпродавани автори на Блаканот. Автор е на над педесет романи преведени на седум јазици, добитник на многу награди.